Медведев: Анексијата на украинска територија ќе биде неповратна

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека референдумите за анексија планирани за украинската територија под контрола на Русија трајно ќе ја променат политичката карта на регионот. „Откако ќе се одржат (референдумите) и новите области ќе станат дел од Русија, геополитичката трансформација во светот ќе добие неповратен карактер", напиша Медведев во вторникот на Телеграм.

Фото: ЕПА

Русија би можела да ги користи „сите средства за самоодбрана“ по анектирањето на териториите, додаде тој.

Сепаратистите во Доњецк и Луганск бараат брзо одржување на референдуми за приклучување кон Русија во светло на контраофанзивата на Украина која доведе до значителни територијални придобивки за Киев, што укажува дека како резултат на тоа Москва би можела посилно да се ангажира во војната. Русија делумно ја оправда својата инвазија наведувајќи ја потребата за „ослободување“ на регионите Доњецк и Луганск.

Првично, руската војска успеа да освои големи делови од источна и јужна Украина. Сепак, Кремљ неодамна претрпе тежок пораз, а руските трупи целосно се повлекоа од областа околу вториот по големина украински град Харков по украинската офанзива.

Новата линија на фронтот што руските трупи сега набрзина ја изградија долж реките Оскил и Северски Доњец, исто така, се колеба под налетот на украинските сили, а пробивањето на таа линија на фронтот ќе им овозможи на Украинците да заземат делови од Луганск.

Поради офанзивата, сепаратистите повикаа на одржување референдум за приклучување кон Русија и покрај тоа што руските трупи не ја контролираат целата територија на тие области. Москва го анектираше Крим по сличен референдум во 2014 година, кој не е меѓународно признат.

Сепак, Кремљ се надева дека ќе го мобилизира руското население посилно - можеби дури и со прогласување вонредна состојба. Руската војска во Украина страда од недоволен број војници. Ангажираната професионална војска нема доволно ресурси за војна, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“, оценува ДПА.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе