САД

Медицинска сестра од Њујорк е првата личност што ја прими Фајзеровата вакцина против корона (ВИДЕО)

Медицинската сестра Сандра Линдзи во Њујорк е првата личност во САД што ја прими Фајзеровата вакцина против коронавирус. Таа работи во Еврејскиот медицински центар на Лонг Ајленд. Од март работи на првата линија со тешко болни ковид-пациенти.

EPA-EFE/MARK LENNIHAN

Линдзи е вакцинирана денес на прес-конференција со гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо. Откако ја прими вакцината, таа рече дека се чувствува добро и дека не чувствува никаква разлика од вакцинирањето со која било друга вакцина.

Државата Њујорк за време на викендот примила 170.000 дози од вакцината на Фајзер и очекува да прими 346.000 дози од вакцината Модерна во неделата од 21 декември.

ФДА објави дека вакцината може да се дава на лица на возраст од 16 години и постари. Здравствените работници и старите лица во установите за долготрајна нега се очекува да бидат главните приматели на првата транша од 2,9 милиони дози.

Милиони Американци би можеле да се вакцинираат уште во декември, особено ако наскоро се одобри вакцината на Модерна. Дистрибуцијата на вакцината на Фајзер е сложена и предизвикувачка затоа што мора да се чува на -70 степени Целзиусови.

Другите вакцини во висока фаза на развој ја вклучуваат вакцината на Модерна, која може да добие итно одобрување од ФДА за употреба веќе следната недела, потоа на Астра Зенека, направена во соработка со Универзитетот Оксфорд и на Џонсон и Џонсон. Вакцината на Модерна ја користи истата технологија како и Фајзер, но не мора да се чува на субарктички температури.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MARK LENNIHAN

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе