Маж се самозапали во Токио, наводно во знак на протест против државниот погреб на Абе

Постар човек се самозапали во Јапонија, наводно во знак на протест против државниот погреб на поранешниот премиер Шинзо Абе, кој беше убиен во јули, јавува Би-би-си. Очевидци повикале полиција откако виделе маж во пламен недалеку од кабинетот на премиерот во Токио. Полицајците го изгаснале огнот и го однеле мажот во болница, јавуваат локалните медиуми. Човекот бил свесен.

Фото: ЕПА

Полицијата допрва треба да ги потврди деталите за неговата постапка, но локалните медиуми објавија дека човекот го изразил своето противење за погребот на полицаецот кој бил во близина пред да се самозапали. Околу него биле пронајдени и рачно напишани транспаренти со истата порака, јавуваат локалните медиуми.

Критиките за државниот погреб се зголемија бидејќи се откри дека повеќе политичари во јапонскиот парламент се поврзани со контроверзната црква.

Тежината на неговите повреди и неговата моментална состојба не се познати. Јапонските медиуми јавуваат дека мажот има околу 70 години. Владата не го коментираше неговиот потег. Јавното противење на одржувањето државен погреб расте, а анкетите покажуваат дека повеќето јапонски гласачи не се задоволни од трошењето пари на таков погреб.

На државниот погреб на 27 септември се очекува да присуствуваат стотици странски лидери.

Но, државните погреби не се вообичаена практика во Јапонија, а демонстрантите велат дека негодуваат поради користењето јавни средства за настанот, кој се очекува да чини околу 1,65 милијарди јени (околу 12 милиони евра).

Една од главните опозициски партии во земјата, Уставно-демократската партија, исто така, рече дека нејзините пратеници нема да присуствуваат на церемонијата следната недела.

Абе беше убиен на 8 јули, на 67-годишна возраст, на предизборен митинг на неговата партија. Убиството на премиерот ја шокираше Јапонија, земја со минимална инциденца на политичко насилство и злосторства извршени со огнено оружје.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе