Масовни рации против Јеховини сведоци во Русија, многумина уапсени (ВИДЕО)

Руските правосудни органи денес извршиле масовни рации низ целата земја во просториите на Јеховините сведоци и привеле голем број луѓе во рамки на истрага за криминални активности, објави Истражната комисија.

Screenshot

Судските власти објавија дека отвориле истрага под сомнение дека оваа верска заедница, која Русија ја смета за екстремистичка и ја прогласи за нелегална, организира активности во својот национален центар и ограноци.

Врховниот суд на Русија нареди распуштање на Јеховините сведоци во 2017 година и при задушувањето на нивната работа, некои следбеници завршиле во затвор, а некои биле обвинети за кривични дела.

Истражната комисија изјави дека идентификувала бројни групи следбеници во повеќе од 20 руски региони и дека многумина биле приведени. Некои од нив приватно се состанувале во стан во северозападна Москва од јуни минатата година и разговарале за верски прашања и преобратиле некои московјани, соопшти Комисијата.

Јеховините сведоци со години се под притисок во Русија, во која доминира Руската православна црква и силно е поддржана од претседателот Владимир Путин.

Тој пред две години рече дека не разбира зошто властите ги гонат Јеховините сведоци, додавајќи дека тоа треба да се испита. Кремљ денес одби да ги коментира вестите за рациите, а ни претставници на Јеховините сведоци сè уште ништо не коментирале.

Јеховините сведоци се христијанска верска заедница што го проповеда своето учење од врата до врата, ја проучува Библијата и одбива да служи војска.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе