Прва муслиманска држава

Мароко ја забрани бурката: Тоа не е дел од нашата традиција

Мароко со закон ги забрани продажбата и производството на бурките во таа држава, јавуваат агенциите. Иако властите сѐ уште не го потврдиле официјално потегот, медиумите јавуваат дека сите произведувачи на бурки добиле писмени упатства во кои се забранува понатамошното производство на бурките.

Забраната се однесува на бурките кои целосно го покриваат лицето, а Мароканките главно не носат бурка, туку никаб.

„Преземавме чекори за целосно да ги ставиме надвор од законот увозот, производството, продажбата и рекламирањето на бурките во Мароко“, изјави висок функционер на мароканското министерство за внатрешни работи.

Иако Мароко е мнозински муслиманска држава, по забраната на бурките јавноста главно позитивно реагираше. Според локалните медиуми, Мароканците бурката воопшто не ја сметаат за дел од својата традиција, како другите Арапи, и затоа нема жестока реакција.

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе