Неочекуван пресврт во битката за градоначалник на Париз

Секс-скандал: Макроновиот кандидат се повлече од трката за градоначалник на Париз

Поранешниот портпарол на француската влада Бенжамин Гриво одеднаш се повлече од трката за градоначалник на Париз по протекување на негова компромитирачка снимка од сексуална природа.

По повлекувањето на Гриво, партијата на францускиот претседател Емануел Макрон Република во движење остана без кандидат за градоначалник на локалните избори закажани за следниот месец.

Гриво го објави своето повлекување од трката утрово, 48 часа по објавувањето на снимката, велејќи дека тој е мета на „злобни напади“ на неговиот приватен живот на социјалните мрежи.

„Моето семејство не го заслужува тоа. Никој никогаш не смее да биде мета на ваков вид злоупотреба“, рече Гриво, пренесе Гардијан.

„Повеќе од една година, моето семејство и јас сме изложени на навредливи коментари, лаги, гласини, анонимни напади, откривање украдени приватни разговори и смртни закани. Како сè ова да не беше доволно, вчера ново ниво е  постигнато“, рече Гриво.

Видео и пораки до една млада жена наводно од Гриво, чија кампања се бори против ривалите, меѓу кои и сегашната градоначалничка Ен Хидалго и поранешниот пратеник на Република во движење Седрик Вилани, доцна во средата се објавени на веб-страница, а потоа се раширени на социјалните медиуми.

42-годишниот поранешен портпарол на владата на Макрон и неговата сопруга, адвокат имаат три деца и тој често ги споменувал за време на неговата изборна кампања за градоначалник.

Гриво рече дека не е подготвен да го изложува и понатаму своето семејство. „Ова отиде премногу далеку“, рече тој.

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе