Макрон: Жал ми е што Иран го отфрла договорот, треба да го вразумиме

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изрази жалење што Техеран продолжува да одбива да се договори за иранската нуклеарна програма за која се преговара и вети дека ќе продолжи со сите напори за земјата да се вразуми.

Фото: ЕПА

„Иран продолжува да одбива да ја искористи можноста што му се нуди за да постигне добар договор, како што покажаа последните преговори со Американците во Доха“, рече Макрон при приемот на новиот израелски премиер Јаир Лапид во Париз, во претседателската Елисејска палата.

„Меѓутоа, на оваа, но и на други теми, ќе продолжиме, во тесна соработка со нашите партнери, со сите напори за Иран да го вразумиме“, додаде францускиот претседател, нагласувајќи дека Европејците сакаат преговорите со Техеран „да завршат што е можно поскоро“.

Индиректните преговори меѓу САД и Иран, одржани на крајот на јуни во Доха со посредство на Европската унија со цел да се одблокираат преговорите во Виена, не донесоа „никаков напредок“, оцени Вашингтон.

Целта на преговорите во Австрија, кои започнаа во април 2021 година, е да ги вратат САД во договорот за иранската нуклеарна програма, потпишана во 2015 година (ЈЦПОА) и да го натераат Иран целосно да ги почитува своите обврски од договорот.

Од друга страна, еврејската држава се обидува да ги убеди западните сили да не го продолжуваат договорот за иранската нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите против Техеран.

Израелските лидери, кои стравуваат дека Иран може да развие нуклеарно оружје - што Техеран го негира - стравуваат дека укинувањето на санкциите ќе му овозможи на Иран да ја наполни државната каса и да ја зголеми помошта за своите сојузници на границата со Израел, како што се либанскиот Хезболах и палестинскиот Хамас.

Макрон, кој во овој поглед се согласи со израелскиот гостин, уште еднаш се заложи за дополнителни преговори за регулирање на балистичката програма и регионалните планови на Иран.

„Се согласуваме со Израел дека овој договор нема да може да ги ограничи дестабилизирачките активности на Иран, но повеќе од кога било сигурен сум дека тие активности, доколку Иран го помине нуклеарниот праг, ќе бидат уште поопасни“, посочи тој.

Јаир Лапид го истакна несогласувањето во врска со ЈЦПОА, но и сличноста на ставот со Емануел Макрон во однос на потребата да се одговори на заканата што Иран, според неговите зборови, ја претставува за Блискиот Исток.

„Во 2018 година, вие бевте првиот светски лидер што зборуваше за потребата од нов договор со Иран кој би бил поефективен, подобро дефиниран и нема да има рок на траење, со координиран меѓународен притисок да се спречи Иран да стане земја на нуклеарен праг“, рече тој.

„Тогаш бевте во право, како и денес. Сегашната ситуација не е одржлива. Тоа ќе доведе до трка во вооружување на Блискиот исток, што ќе го загрози светскиот мир. Мора да работиме заедно за тоа да не се случи“, заклучи тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе