Макрон: Треба да ѝ помогнеме на Украина, но не за да ја нападне Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека на Украина треба да ѝ се помогне, но не за да ја нападне Русија.

Фото: ЕПА

„Наша должност е да ѝ помогнеме на Украина како што тоа го правиме, да ја заштитиме нејзината територија ама не за да може Украина да ја нападне Русија. Ние не сме во војна со Русија“, изјави Макрон за францускиот информативен онлајн канал БФМТВ.

Според него, целта е Украина да може да пружи отпор и да си го врати суверенитетот, а Русија да седне на преговарачка маса. Францускиот претседател ја оцени како уцена најавата на Русија за мобилизација на резервисти и заканата од користење на нуклеарно оружје.

„Очигледно станува збор за уцена бидејќи Путин има такво нуклеарно оружје и опасноста е секогаш присутна. Тоа е начин на притисок во тешко време на војна“, рече Макрон.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе