Макрон: Русија започна нов вид хибридна светска војна

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во Бенин дека Русија е една од последните колонијални империјални сили по започнувањето на војната во Украина.

Фото: ЕПА

„Русија започна офанзива против Украина, тоа е војна за територија за која мислевме дека исчезнала од европското тло“, рече Макрон на прес-конференција со својот бенински колега Патрис Талон во Котону.

„Русија е една од последните колонијални империјални сили бидејќи реши да нападне соседна земја за таму да ги брани своите интереси“, рече францускиот лидер.

Според францускиот претседател, кој е на африканска турнеја во исто време со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, Русија започнала нов вид хибридна светска војна.

„Одлучи дека информациите, енергијата и храната се воени инструменти ставени во служба на континентална империјалистичка војна против Украина“, рече Макрон.

Според него, Русите се тие кои создаваат нерамнотежа и покрај сите дипломатски турнеи и дезинформации кои ги шират низ светот, а Русија е една од земјите кои најмногу користат пропагандни инструменти, особено преку телевизиите Раша тудеј и Спутник.

Тој повторно ја осуди и уцената на Москва за храната бидејќи таа го блокираше житото во Украина, како и енергијата за Европејците.

„Мислам дека е мудро Европејците да не се изложуваат на овие стратегии бидејќи тоа е еден од елементите на оваа хибридна војна“, додаде тој.

Емануел Макрон веќе ја критикуваше Москва еден ден претходно, за време на неговата посета на Камерун. Во исто време, Сергеј Лавров во Уганда изјави дека Русија не е одговорна за енергетската и прехранбената криза, осудувајќи ја кампањата што се води околу тоа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе