Макрон ѝ се обрати на јавноста: Франција е под напад (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Ница, местото на денешниот крвав терористички напад и ѝ се обрати на јавноста.

EPA-EFE/ERIC GAILLARD

Макрон остро го осуди денешиот напад во градот Ница, опишувајќи го како „исламистички терористички напад“, во кој напаѓачот со нож уби три лица во близина на црква.

„Франција е под напад на исламисти, но нема да се откаже од своите вредности“, рече Макрон.

Тој најави дека ќе ги засили безбедносните мерки околу училиштата, додавајќи дека повеќе од двојно ќе го зголеми бројот на војници што ја штитат земјата од терористички напади, додавајќи дека војската конкретно ќе ги штити верските објекти.

„Ако нè напаѓаат, тоа е заради нашите вредности, вредностите на слободата и нашата намера да не попуштиме пред теророт“, рече Макрон.

„Сакам да ја изразам поддршката на Франција за католичката заедница“, додаде Макрон, алудирајќи на ситуацијата дека денешните напади се случија во близина на црква.

Серија напади се случија додека Франција сè уште се опоравува од ужасното убиство на професорот од средно училиште Самуел Пети, кој беше обезглавен од 18-годишен муслиман од чеченско потекло, откако професорот им покажал карикатури на пророкот Мухамед на учениците.

Сè уште не е познато дали нападите во четвртокот се поврзани со објавувањето на тие карикатури кои муслиманите ги сметаат за сквернавење.

По атентатот на Пети, француските власти го потврдија правото да се прикажуваат карикатурите кои биле прикажувани и на маршевите за солидарност со убиениот професор.

Ова ги налути муслиманските земји, а некои влади го обвинија Макрон дека има антиисламска агенда.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ERIC GAILLARD

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе