Макрон и понатаму голем фаворит на претседателските избори

Францускиот претседател Емануел Макрон и натаму е голем фаворит на претседателските избори закажани за април, според новото истражување на јавното мислење, пренесе Монд.

Фото: ЕПА

Зад Макрон, кој сè уште официјално не се кандидирал, со речиси подеднаков број гласови се кандидатката на десницата Валери Пекрес и кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен.

Според анкетата, Макрон би можел да освои околу 25 отсто од гласовите во првиот круг на гласањето закажан за 10 април. Валери Пекрес и Марин Ле Пен би освоиле по петнаесет отсто од гласовите.

Во вториот круг на гласање закажан за 24 април, Макрон би победил без разлика дали Ле Пен или Валери Пекрес ќе влезат во тој круг.

Тогаш Макрон би освоил околу 54 отсто од гласовите, Валери Пекрес 46 отсто, а Марин Ле Пен 43 отсто. Кандидатот на крајната десница Ерик Земур би добил околу 13 отсто од гласовите во првиот круг.

Што се однесува до левицата, најмногу гласови би освоил лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон, околу осум отсто, додека кандидатката на социјалистите, Ан Идалго, 3,5 отсто.

Медиумите кои ги пренесуваат анкетите постојано потсетуваат дека овие резултати не се прогнози за исходот од гласањето, туку се показател за моменталниот однос меѓу политичките сили.

Најновата анкета е спроведена од 14 до 17 јануари со повеќе од 12.000 испитаници.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе