Макрон: Европејците мора да излезат од својата наивност

„Кога сме под притисок, да покажеме дека имаме моќ и способност да се браниме и едноставно да ги натераме да нѐ почитуваат“, рече францускиот претседател.

Фото: ЕПА

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека Европската Унија мора да ги зајакне своите одбранбени планови и да се направи себеси „почитувана“.

„Европејците мора да излезат од својата наивност. Кога сме под притисок, да покажеме дека имаме моќ и способност да се браниме и едноставно да ги натераме да нѐ почитуваат“, рече Макрон на вчерашната прес-конференција во Париз, каде што за првпат зборуваше за новиот договор за одбрана објавен овој месец од САД, Австралија и Велика Британија за индо-пацифичкиот регион.

Како дел од пактот, Австралија го откажа договорот вреден неколку милијарди долари за купување француски конвенционални подморници и наместо тоа ќе купи американски бродови со нуклеарен погон, додека во потег без преседан, Франција како одговор на тоа го отповика со својот амбасадор во Соединетите Држави.

„Амбасадорот Филип Етјен утре ќе се врати во Вашингтон со јасен мандат“, најави Макрон.

Тој нагласи дека тој и американскиот претседател Џозеф Бајден минатата недела во телефонски разговор се согласиле да отворат сеопфатни консултации, чија цел е да се создадат услови за обезбедување доверба меѓу долгогодишните сојузници.

Макрон рече и дека повторно ќе разговара со Бајден кон средината на октомври, пред закажаната средба на крајот на следниот месец во Европа.

Во своето обраќање, тој посочи дека САД ѝ се голем историски пријател и сојузник на Франција во поглед на вредностите, но дека во последните 10 години Американците прво се фокусираа на сопствените интереси, кои се насочени кон Кина и Пацификот.

„Ние, како Европејци, мора да преземеме улога во сопствената заштита. Тоа не е алтернатива на сојузот со САД, ниту замена за него“, нагласи францускиот претседател, истакнувајќи дека европските одбранбени планови треба да одат рака под рака со НАТО.

Макрон се обрати веднаш откако Франција потпиша одбранбен договор со Грција, според кој Атина ќе купи три воени брода во вредност од неколку милијарди евра од Париз.

Претходно овој месец, Европската Унија претстави нова стратегија за зајакнување на економските, политичките и одбранбените врски во индо-пацифичкиот регион.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе