Мадуро прими вакцина Спутник V и рече: „Спасиба“

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ја прими руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот. Првата група руски вакцини пристигнаа во Венецуела кон средината на февруари, а тогаш Мадуро им се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин и на руската влада.

Фото: ЕПА

„Како што му ветив на народот, тоа и го направив. Мојата прва доза, се вакцинирав“, рече тој.

Потоа додаде на руски јазик: „Спасиба“ (благодарам).

Медиумите јавуваат и дека и сопругата на претседателот, Силија Флорес, исто така примила руската вакцина, а вакцинацијата беше пренесувана во живо преку твитер-профилот на Мадуро.

Инаку, првата група руски вакцини пристигнаа во Венецуела кон средината на февруари, кога Мадуро исто така им се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин и на руската влада за испораката на „Спутник V“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе