Мадуро побара поддршка откако САД го обвинија за „наркотероризам“

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро побара денес поддршка од шефовите на државите и владите во целиот свет да го поддржат откако САД го обвинија за „наркотероризам“ и понудија 15 милиони долари за негово апсење.

„Во тешките околности ве молам за заштита од овој необичен и арбитрарен прогон“, напиша социјалистичкиот претседател во писмото кое на државната телевизија го прочита министерот за надворешни работи Хорхе Ареаза.

Тој истакна дека писмото е испратено до секој претседател, шеф на влада и држава.

Соединетите Држави објавија минатата недела дека ги обвинуваат Мадуро и неколку негови блиски соработници за „наркотероризам“.

Вашингтон понуди 15 милиони долари за секоја информација која би довела до апсење на венецуелскиот претседател и 14 актуелни и поранешни функционери.

„Оваа американска игра се случува во време на тензии на континентот“, додаде Мадуро во писмото во кое ги отфрла обвинувањата и повторно го нарекува американскиот претседател Доналд Трамп „бедник“.

Опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кого околу 60 држави го признаа за привремен претседател, безуспешно се обидува да го урне Мадуро од власта веќе подолго од една година.

Трамповата администрација го поддржува Гуаидо и наметна низа санкции против Венецуела за да го зајакне притисокот врз Мадуро.

Мадуро е на власт од 2013 година, и ја има поддршката од венецуелската војска, Кина, Русија и Куба.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе