Мадуро: Имаме лек кој ја уништува короната, а нема нуспојави

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро тврди дека венецуелски научници развиле лек за коронавирусот кој 100 отсто ја уништува болеста и нема нуспојави.

EPA-EFE

„Студијата траеше шест месеци и резултатите покажаа дека стоотстотно го уништува ковид-19 вирусот, без токсични ефекти врз здравите молекули“, кажа Мадуро.

Тој во постот на Твитер наведе дека во срцето на „лекот кој го уништува ковид-19“ е молекулата ДР10 „која се користи за лекување на хепатит Ц, човечкиот папиломавирус и еболата“.

Мадуро додаде дека во следните денови Венецуела на Светската здравствена организација (СЗО) ќе ѝ ги проследи резултатите на тестирањата кои се спроведени во венецуелскиот Институт за научни истражувања.

Венецуелскиот претседател претходно кажа дека во Венецуела ќе пристигнат илјадници дози од рускиот лек авифавир кој се користи во лекувањето на коронавирусот и дека лекот ќе биде бесплатен за граѓаните.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе