Лукашенко за можна мобилизација: Ќе се бориме дури кога ќе мораме да го браниме својот дом

Белорускиот претседател Александар Лукашенко кажа дека во таа земја нема да има мобилизација.

EPA-EFE

„Оваа мобилизација е во Русија. Нема да има мобилизација. Тоа е лага“, кажа Лукашенко, а неговата изјава ја пренесе државната новинска агенција БеЛТА.

Лукашенко истакна дека противниците на власта во Белорусија изнесуваат различни тврдења. Посочи на фактот дека во ек е информациска војна. Додаде дека Белорусија дефинитивно ќе одговори на можните закани и обиди за вршење терористички акти.

Според него, за тоа редовно се одржуваат разни вежби, вклучувајќи ја и народната милиција, така што луѓето ги знаат своите должности и ги имаат потребните воени вештини.

Лукашенко истакна дека нема да се спроведува мобилизација ниту ќе се меша во војната.

„Ќе се бориме дури кога ќе мора да го браниме својот дом, својата земја“, заклучи белорускиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе