Лукашенко: Војната на Европа против Белорусија, Русија и Кина може да доведе до трета светска војна

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека хибридната војна која Европа ја насочува против Минск, Русија и Кина може да доведе до трета светска војна.

EPA-EFE

„Европејците, кои водат хибридна војна против нас, Русија и Кина, не само што создава жариште на силни тензии, туку и поттикнува трета светска војна“, кажа белорускиот претседател за телевизијата Скај њуз.

Тој истакна дека по Европејци ги подразбира исклучиво „лудите политичари“ од европските земји, а не нивните народи.

Според Лукашенко, причината за таквото однесување на Европа е што државите не се самостојни во својата политика и се наоѓаат во колонијална зависност од Соединетите Американски Држави.

„Односите на САД и земјите од Западна Европа се односи на метропола и колонии“, оцени Лукашенко, наведувајќи ја како пример неодамнешната афера со шпионирањето на европските лидери од 2012 до 2014 година од страна на Агенцијата за национална безбедност на САД, со учество на Данска.

Во интервјуто Лукашенко кажа дека колективниот Запад доживеа неуспех кога станува збор за спроведувањето на „обоената револуција“ во Белорусија.

На крајот истакна дека Русија останува главен партнер на Минск.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе