Лукашенко: Современите фашисти од НАТО не исчезнаа, го доближуваат светот до голема војна без победник

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека западната политика го приближува светот до работ на голема војна во која нема да има победник, пренесува руската агенција ТАСС.

Фото: ЕПА

„За жал, оваа западна политика го приближува светот до бездната на големата војна, во која, како што знаете, нема да има победници“, рече Лукашенко.

Лукашенко вели дека западните земји, на чело со САД, го уништуваат глобалниот безбедносен систем.

„Тие тоа го прават методично, и покрај противењето на своите граѓани, кои ги изложуваат на опасност. Ми се чини дека овие нови крстоносци на НАТО алијансата решија да јуришаат кон исток, а сите знаеме како завршија тие што пред нив се обидоа во тоа“, рече белорускиот претседател.

Лукашенко зборуваше и за растот на нацизмот и фашизмот во светот, а потоа го коментираше неодамнешното влегување на Финска и Шведска во НАТО.

„Традиционално неутралните земји одеднаш брзаат да влезат во НАТО. Тие ги кршат правилата што самите ги поставија и никој не ги праша жителите на тие земји што мислат за овој потег. Тие само решија да ѝ се приклучат на алијансата“, коментира тој.

Белорускиот претседател изјави дека одамна знаел за плановите на западните земји да ја нападнат Русија. Лукашенко вели дека Западот сакал да го постигне тоа преку Украина и Белорусија и дека за тоа веќе разговарал со Владимир Путин.

„Современите фашисти од НАТО не исчезнаа. Јас сум запознаен со нивната стратегија“, рече Лукашенко, пренесува ТАСС.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе