„ЦСТО мора да го консолидира својот статус во меѓународниот систем за контрола и поделба на власта“, рече Лукашенко на состанокот на организацијата во Москва, пренесе белоруската новинска агенција Белта.
Русија не може сама да се бори против проширувањето на НАТО, додаде тој.
Лукашенко, кој често се нарекува „последниот диктатор на Европа“, ја оправдува руската инвазија на Украина со трупањето на силите на НАТО во Источна Европа. Заедно со Русија и Украина во ЦСТО се и бившите советски републики Ерменија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан, но ниедна од членките не испрати свои војници за да ѝ помогне на Русија.
Меѓутоа, бидејќи инвазијата почна и од територијата на Белорусија, Западот освен кон Москва воведе санкции и кон Минск. Белоруската влада во неделата објави дека поради воведените санкции државата загубила меѓу 16 и 18 милијарди долари.