Најави поддршка на Русија

Лукашенко ја обвини Литванија дека остава тела на границата

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги обвини денес литванските власти дека фрлале тела на мигранти на границата на двете земји, меѓу кои тензиите се сè поголеми поради мигрантското прашање.

EPA-EFE

Лукашенко предупреди и дека Белорусија цврсто ќе застане зад својот сојузник Русија ако Украинските власти почнат офанзива против бунтовниците на истокот на Украина, поддржани од Москва.

На состанокот со највисоките претставници на белоруската војска, Лукашенко кажа дека граничарите за време на викендот нашле тела на двајца мигранти, оставени на границата.

„Во вреќа за спиење ставаат тело или, веројатно, лице кое сè уште било живо, и го фрлаат на границата. Колку грозно“, истакна Лукашенко.

Литванските граничари ги отфрлија тврдењата на Лукашенко, наведувајќи дека белоруските власти во повеќе наврати се обиделе да исценираат претепување, осакатување или смрт на мигранти, и да ја обвинат Литванија за такво „нехумано однесување“.

Европската Унија го обвинува Лукашенко за „хибриден напад“ врз блокот од 27 земји, односно за поттикнување на мигрантите да преминат од Белорусија во членките на ЕУ Полска и Литванија. Брисел тврди дека тоа е одмазда на Лукашенко за санкциите кои ЕУ ги воведе поради минатогодишната репресија врз демонстрантите.

Голема група мигранти, главно ирачки Курди, заглавени се од 8 ноември во Белорусија, на граничниот премин со Полска. Повеќето од тие мигранти избегале од конфликти или сиромаштија во татковината, а сакаат да стигнат до Германија или други западноевропски земји.

Лукашенко ги обвинува Полска и другите западни земји дека поттикнуваат тензии околу мигрантите во рамки на „повеќекратната хибридна војна“ против Белорусија и нејзиниот сојузник Русија.

Тој им нареди на воените функционери да ја кренат готовноста на војската, поради маневрите на НАТО во близина на белоруската граница.

Белорускиот лидер ја отфрли можноста дека постојат наводни планови на Русија за напад врз Украина, од што стравува Западот, кажувајќи дека би дознал од Москва за таквите намери.

Тој, меѓутоа, ги предупреди украинските власти дека Белорусија силно ќе застане со Русија, ако Киев се обиде да употреби сила за враќање на контролата над областите кои ги контролираат проруските сепаратисти на истокот на Украина, познати како Донбас.

„Ако се обидат да почнат мала војна во Донбас или некаде на границата со Русија, Белорусија нема да остане на страна, а јасно е на чија страна ќе биде. Тие тоа го сфаќаат и затоа почнаа да ги зајакнуваат силите на украинската граница со Белорусија, иако за тоа нема причина“, кажа Лукашенко.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе