„Германија, цела Европа, сега нема лидери. А дури и да ги има... Не можат да го изгасат пожарот ни во сопствената куќа“, го цитира Лукашенко новинската агенција Беита.
„Европејците не ја сакаат оваа војна. Тие доволно добро разбираат што денес се случува во Украина. Тука во Белорусија исто така се обидуваат да запалат пожар. Утре цела Европа ќе гори“, кажа Лукашенко. Тој смета дека Европејците мора да ја сопрат конфронтацијата, која веќе резултирала со конфликт на територијата на Украина.
Лукашенко европските лидери ги опиша како лудаци кои, неспособни да му кажат не на Вашингтон, го разгоруваат огнот во регионот. „Дали оние кои им дозволија на Американците таму (во Европа) да донесат дополнително нуклеарно оружје се вистински лидери? Тие се лудаци“, кажа тој.
Ја коментираше и улогата на САД во војната.
„Единственото нешто од што се плашат Американците е нуклеарното оружје. А ако нуклеарно оружје не се користи, тогаш ќе се борат со конвенционално оружје. Каде: Тие ќе се борат тука. Ние ќе бидеме тука, во овој хаос. Украина веќе гори“, кажа тој.
Белорускиот лидер ги нарече настаните во Украина катастрофа, додавајќи дека „нема земја во советската сфера која примила толку големи странски вложувања како Украина“.