Лукашенко: Блицкригот на странските сили против Белорусија не успеа

„Молневитата војна“, или „блицкриг“, на странските сили против Белорусија не успеа, кажа денес белорускиот претседател Александар Лукашенко мислејќи притоа на големото протестно движење кое во 2020 ја дестабилизираше власта во Минск.

EPA-EFE

„Белорусија претрпе еден од најжестоките напади однадвор“, кажа Лукашенко, оценувајќи дека повеќенеделните протести на десетици илјади Белоруси против неговиот реизбор биле резултат на западен заговор.

„Но блицкригот на успеа и ние ја задржавме контролата во земјата“, кажа тој на состанок на највисоките функционери на својот режим. „И покрај тензиите кои сили од страна вештачки ги создадоа во општеството, преживеавме“.

Белорускиот претседател најави дека на актуелното Белоруско народно собрание ќе изнесе план за уставни и институциски реформи. Тој денес ги повика пратениците да „размислуваат за тоа“.

„Мораме внимателно да ги проучиме прашањата за развојот на општеството и за улогата на граѓаните во политичкиот живот на земјата и да размислиме за можните измени на основниот закон“, кажа тој на состанокот на кој учествуваа 2.700 луѓе лојални на него и никој од опозицијата.

„Некогаш ќе изберете друг Лукашенко или некого друг“, кажа белорускиот претседател кој е на должноста од 1994.

Неговиот според реизбор во август 2020, кој опозицијата и Западот го оценија како наместен, поттикна незапаметени протести кои со недели ја тресеа земјата.

Но режимот успеа да ги сопре протестите со масовни притворања, полициско насилство и апсење и протерување на сите истакнати претставници на протестното движење.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе