„Со тоа оружје веќе имаме поинаква војска“

Лукашенко: Белорусија од Русија купи ракетни системи С-400 и ракети „искандер“

Белорусија од Русија купи противвоздушни ракетни системи С-400 и ракети „искандер“, кажа денес белорускиот претседател Александар Лукашенко.

EPA-EFE

Тој ова го изјави на 85-от ден од почетокот на руската воена операција во Украина која почна на 24 февруари. Белорусија, главната сојузничка на Русија и земја која граничи со Украина стана заднинска база за руската офанзива.

„Се договоривме со (рускиот претседател Владимир) Путин“, кажа Лукашенко, а соопшти неговата прес-служба преку Телеграм.

Тој кажа дека го набавил „потребното количество“ од тоа оружје, без други детали.

„Со тоа оружје веќе имаме целосно поинаква војска“, кажа Лукашенко и додаде дека оружјето може да „нанесе колосална штета“.

На почетокот на мај 67-годишниот Лукашенко, кој управува со Белорусија од 1994 година, го обвини Западот дека е опседнат со нацистички идеи и дека „војува против Русија“ во Украина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе