Луѓе во паника на улиците на Лариса по земјотресот (ВИДЕО)

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени денес ја погоди Грција, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Нема информации за жртви, а земјотресот беше почувствуван и во делови од Македонија, Црна Гора и Косово. Во областа околу епицентарот на земјотресот, според грчките медиуми, владее паника.

Фото: Јутјуб

По главниот, се случија уште пет послаби земјотреси.

Германскиот истражувачки центар за геолошки науки изјави дека земјотресот бил со јачина од 6,0 степени.

Засега нема информации за можни жртви и материјална штета.

Во Лариса, луѓето панично трчале по улиците, а медиумите јавуваат дека ситуацијата во градот брзо се смирила.

Грчкиот сеизмолог Василис Каратанасис за државната телевизија изјави дека земјотресот бил почувствуван низ целата земја, во Кефалонија, како и во северна Грција и Атина.

„Засега знаеме дека владееше паника и дека испопаѓало сѐ што имало во продавниците. Засега нема информации дека некој е повреден. Еден пензионер беше заглавен и пожарникарите го ослободија“, рече Виктор Рухотас, почесен српски конзул во Кефалонија.

Легенда под Главна слика

Фото: Јутјуб

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе