На московскиот аеродром Домодедово

Луфтханза организира експресни летови за богатите Германци да се вакцинираат во Москва

Германскиот национален авиопревозник „Луфтханза“ планира да отвори прва класа „Корона-салон“ на аеродромот во Москва за богаташи од други земји да летаат во руската престолнина и да се вакцинираат со „Спутник V“ без воопшто да влезат во земјата.

Фото: ЕПА

Бидејќи Германија се соочува со хроничен недостиг од каква било вакцина, богатите Германци сакаат да се вакцинираат преку ред со руската вакцина Спутник V.

Европа во средината на јануари ја почна процедурата за потврдување на вакцината за употреба во ЕУ. Германија успеа да го забрза обезбедувањето доволен број дози за да почне масовна вакцинација на своето население, почитувајќи ги бирократските правила на ЕУ за јавни набавки. Но на најмалку загрозените Германци им е кажано дека можеби ќе треба да почекаат до 2022 година додека да добијат вакцина, поради недостигот.

Но богатите не сакаат да чекаат толку долго. „Луфтханза“ смета дека тие се спремни да купат специјални билети за Москва каде што компанијата има намера да постави специјален салон, изолиран од остатокот на аеродромот, каде што богаташите ќе можат да се вакцинираат без да ја преминат границата, а потоа веднаш се враќаат назад, па по неколку недели доаѓаат за втората доза.

Луфтханза е во преговори со руското Министерство за надворешни работи за воспоставување редовна услуга помеѓу аеродромот во Франкфурт и московскиот Домодедово, вториот по големина аеродром во градот.

„Германците и Швајцарците копнеат по вакцината Спутник поради бавното вакцинирање и непопуларноста на АстраЗенека“, рекол изворот на Интели њуз. „Има многу написи во германскиот печат во кои се вели дека Спутник е безбедна и ефикасна против ковид-19, а читателите оставаат гневни коментари и писма зошто владата не ја купува.“

Веќе е воспоставена транзитна зона кај Домодедово. Цената на овој пакет медицински туризам, кој би вклучил два повратни лета кон Москва, првично би изнесувала околу 1.000 евра.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе