Лондон ѝ возврати на Атина: Англичаните што ќе се вратат од Грција ќе мораат во 14-дневен карантин

САД и Грција се исклучени од списокот на околу 60 земји и прекуокеански територии што англиските туристи можат да ги посетат без потреба да се изолираат кога ќе се вратат, откри министерот за транспорт Грант Шапс.

Фото: ЕПА

Од 10 јули ќе биде укинат задолжителниот карантин за луѓето што се враќаат во Англија од дестинации како Шпанија, Франција, Италија и Германија, или ја посетуваат Англија од тие земји.

Околу 60 земји и прекуокеански територии се на првичниот список на Владата на Велика Британија за укинување на ограничувањата за карантин, кои ќе бидат објавени денеска, пренесе Нешнел.

Во интервју за програмата Тудеј на Би-би-си радио 4 Шапс рече дека САД не се на листата бидејќи „имаат многу голем број заразени“, додека Грција е исклучена бидејќи ги забрани летовите од Велика Британија до 15 јули.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе