Изборите ги следат над 25 илјади набљудувачи

Локални избори на Косово: се бираат 38 градоначалници и 1.002 советници на општините

На денешните избори за градоначалници и советници на општинските собранија право на глас имаат 1.885.448 гласачи, кои ќе гласаат за градоначалници и одборници на 38 општини.

EPA-EFE

Според податоците на централната изборна комисија на Косово (ЦИК) гласањето се врши во 883 гласачки центри со 2.477 гласачки места.

На изборите учествуваат 32 политички партии, 33 граѓански иницијативи, една предизборна коалиција и 23 независни кандидати.

За градоначалници на 38 општини се натпреваруваат 166 кандидати, а за советници на општините на Косово се кандидирале 5.198 луѓе.

Гласачките места отворија во 7:00 наутро а затвораат во 19:00 часот.

Изборите ги следат над 25 илјади набљудувачи од политичките партии, иницијативите, коалициите и претставници на независните кандидати, цивилните организации, медиумите, како и претставници на дипломатските претставништва акредитирани на Косово.

Изборите ги следи и специјална набљудувачка екипа на Европската Унија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе