Лидерот на сепаратистите им порача на Украинците во Северодоњецк: Предадете се или ќе умрете

Украинските сили во Северодоњецк или ќе се предадат или ќе умрат, изјави денеска лидерот на таканаречената Народна Република Доњецк (ДПР).

Фото: ЕПА

„Тие имаат две опции - или ќе го следат примерот на своите колеги и ќе се предадат или ќе умрат“, рече Едуард Басурин началникот на Одделот за народна милиција на ДПР, пренесува рускиот државен медиум РИА Новости. „Немаат друга опција", додаде тој, пренесе Ројтерс.

Украина упати сè поитни повици за испорака на западно оружје како помош во одбраната на Северодоњецк, за што Киев вели дека е клучот за исходот на битката за контрола на источниот регион Донбас и идниот тек на војната.

Руските сили сега контролираат голем дел од Северодоњецк, центарот на крвавата битка за Донбас, но украинските сили се чини дека сè уште одржуваат некои од своите борбени линии.

Началникот на воената администрација на регионот Луганск, Серхиј Хејдеј денеска изјави дека Украина сè уште успева да евакуира некои луѓе од градот, пишува Си-ен-ен.

Русија го окупираше поголемиот дел од Северодоњецк, но украинските бранители сè уште ја контролираат индустриската област на градот и хемиската фабрика Азот, во која се кријат околу 500 луѓе.

„Околу 500 цивили се наоѓаат во фабриката Азот во Северодоњецк, од кои 40 се деца. Понекогаш војската успева да евакуира некого“, рече Хејдеј.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе