„Либерасион“ го обвини комесарот Хан за корупција

Францускиот весник „Либерасион“ го обвинува еврокомесарот Јоханес Хан за корупција, наведувајќи дека дозволил странски лобисти да го канат на ловечки излети и скапи вечери и ручеци, без, како што е планирано, да го пријавува тоа.

Фото: Роберт Атанасовски

Весникот наведува дека Хан во декември 2015 година ја прифатил поканата да оди на лов со белгиски лобисти и посочува дека според кодексот на однесување бил обврзан да ја пријави во Европската комисија поканата што ја добил од лобистот „Сопственик на земјиште“ (ЕЛО).

Неименуван портпарол на Хан изјави за австрискиот јавен сервис ОРФ дека повикот бил чисто приватен. Тој кажа дека во ловот учествувал со тогашната партнерка, која поседува дозвола за лов.

Хан смета дека не било потребно таа покана да се пријави во регистарот за транспарентност.

Според австриски Стандард, австрискиот комесар се поврзува и со други ситуации со судир на интереси.

Така, тој во јуни годинава дури три пати ручал или вечерал со претставничката на Австрија во ревизорската комисија Хелга Бергер.

Еднаш бил придружуван од својата сегашна партнерка Сузана Рис-Пасер, поранешна вицеканцеларка.

Според весникот, Бергер платила за ресторанот, а сметката за наплата ја препратила до ревизорската комисија.

Од Кабинетот на Хан велат дека ваквите средби се дел од редовната размена на мислења меѓу комесари и претставници на институции и организации и дека ниту за тоа не требало да се известува.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе