Либанскиот претседател не ја искучува можноста експлозијата да била предизвикана од бомба или ракета

Либанскиот претседател Мишел Аун рече дека истрагата за најголемата експлозија во историјата на Бејрут ќе испита дали причината за неа е бомба или некое друго странско делување.

Фото: ЕПА

„Причината за експлозијата сè уште не е утврдена. Постои можност за странска вмешаност со ракета, бомба или нешто друго“, рече претседателот Аун.

Тој исто така рече дека тие ќе се обидат да утврдат дали експлозијата е резултат на небрежност или се работи за несреќен случај. Претходно, претседателот потврди дека високо експлозивниот материјал со години се чувал во пристаништето во несоодветни услови, без заштитни мерки.

Првите резултати од истрагата, рече неименуван извор, укажале на небрежност.

Соединетите Држави соопштија дека не исклучуваат напад, а Израел веднаш по настанот објави дека нема никаква врска со настаните во пристаништето во Бејрут, негирајќи каква било улога во катастрофалната експлозија во која загинаа 154 лица, а околу 5.000 биле повредени.

Материјалната штета предизвикана од експлозијата со сеизмички размери, вклучително и деловните загуби што ќе следат во сегашната ситуација, би можеле да нарастат до 15 милијарди американски долари.

Економијата на Либан минува низ тешка криза, валутата е во слободен пад, долговите не престануваат да растат, а Либанците уште од октомври минатата година протестираат против политичката каста, обвинувајќи ги за лошо управување со земјата и државна корупција што не стивнува повеќе децении.

Тие, исто така, излегоа на протести и вчера за време на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон и побараа од него да им помогне „да се ослободат од сегашната власт и Хезболах“, проиранското шиитско движење.

Владата на Хасан Диаб, формирана во јануари 2020 година и претставена како кабинет на технократи, е на мета на критика дека е подредена на партијата на претседателот Мишел Аун, Слободното патриотско движење и на неговиот неуништлив сојузник Хезболах (Божја партија).

 

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе