Ево Моралес се враќа?

Левицата прогласи победа на изборите во Боливија (ВИДЕО)

Партијата на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес прогласи победа на својот кандидат на повторените претседателски избори иако пребројувањето на гласовите сѐ уште е во тек.

EPA-EFE

На крајот на минатата година Моралес поднесе оставка и замина од земјата бидејќи беше поништена неговата победа поради обвинувања дека изборите биле наместени.

За време на пребројувањето на гласовите по затворањето на гласачките места во неделата, наводно е толку убедлива предноста на избраниот наследник на Моралес Луис Арсе, што дури и привремената претседателка Жанин Ањес, противничката на Моралес, изјави дека „изгледа дека социјализмот ќе се врати на власт“.

Сепак, новите изборни власти апелираа до граѓаните и функционерите да бидат стрпливи, бидејќи имаат пет дена да го прогласат победникот.

Арсе, поранешен новинар и министер за економија во владата на Моралес, своевремено придонесе за економско заздравување и намалување на сиромаштијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе