Одвраќање на заканата

Летонија сака американски војници да ја чуваат од Русија

На Летонија ѝ е потребно трајно воено присуство на американската војска, за да ја одврати руската закана и за да ја зајакне својата одбрана со ракетен систем „патриот“, кажа министерот за одбрана на таа балтичка земја Артис Пабрикс.

EPA-EFE

Пабрикс даде изјава за Ројтерс пред доаѓањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој присуствува на средба на НАТО во Рига.

„Потребна ни е дополнителна меѓународна помош. Би сакале да имаме трајно воено присуство на САД во нашата земја. Јакнењето на одбранбените капацитети од море и од воздух би значело дека имаме потреба од систем како „патриот““, кажа летонскиот министер.

Трупите на НАТО ги вежбаат своите вештини во летонските шуми, со камуфлирани тенкови. Целта на вежбата е да сопрат напад врз Рига со попречување неидентификуван противник, северно од престолнината.

НАТО има четири мултинационални групи војници распоредени на истокот на Европа, со цел да ги бранат Полска, Литванија, Летонија и Естонија. Москва, меѓутоа, порачува дека нема никаква намера да ги напаѓа балтичките земји или Полска и го обвинува НАТО дека ја дестабилизира Европа со поместувањето на своите трупи поблиску до руските граници.

Балтичките земји се, според НАТО, најранливи бидејќи, за разлика од другите членки на воениот пакт, делат граница само со Полска, и тоа околу 60 километри – преминот Сувалки. Воените експерти на кои се повикува Ројтерс велат дека Русија преку Белорусија би можела да го заземе тој премин и со тоа да добие копнен коридор кон „тешко утврдената ексклава“ на Балтичкото Море – Калининград.

Американските трупи стационирани во Германија во случај на напад не би можеле доволно брзо да стигнат до Балтикот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе