Ле Пен го поддржа Орбан: Европа сака миграциски потоп, последиците веќе се чувствуваат

Унгарскиот крајно конзервативен премиер Виктор Орбан и лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен денеска во Будимпешта се изјаснија против идеолошката бруталност на ЕУ и потопувањето на Европа со мигранти.

Фото: ЕПА

Кандидатката на својата партија (Национално собрание) на претседателските избори во април 2002 година, Ле Пен може да излезе уште во првиот круг па во Будимпешта се обиде да го зајакне својот статус со унгарскиот премиер кој во Европа се претставува како бранител на Европа.

„Унгарија во 2021 година, под ваше водство, повторно е на чело во борбата за слобода на народот“, рече Ле Пен, која се очекува да се кандидира на претседателските избори во Франција следната година, на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер.

 „Во октомври мислите нè водат до хероите на востанието од 1956 година“, нагласи Ле Пен за востанието против тогашниот комунистички режим, кој беше поддржан од Советскиот Сојуз.

Пред новинарите и Ле Пен и Орбан повторија пораки за суверенитет.

Заедно, тие остро ја критикуваа „идеолошката бруталност“ на Европската унија, отфрлајќи го секој принцип на првенство на европското право над националното право, со што силно застанаа на страната на Полска, која води таков спор со Брисел.

„Овој принцип е наметнат со маневри и полското правосудство целосно оправдано го потврдува своето право да ги утврдува и спроведува основните правила на својот национален пакт“, рече Ле Пен.

„Заканите со санкции, исклучување, особено на Унгарија и Полска, сето тоа се напори за нов вид на европска хегемонија“, додаде таа.

Ле Пен ја критикуваше „централизираната власт на Брисел, опиена од сопственото постоење и семоќност“. Во овој контекст, и Орбан и Ле Пен се заземаа за сојуз на нациите, нова десна група.

Премиерот Орбан, чија партија Фидес во март ја напушти групата на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, рече дека „бара партнер за соработка во новата ера“.

Притоа, партијата на Марин Ле Пен е „неизбежна“, рече тој, и ја поздрави нејзината „поддршка“ низ годините.

Ле Пен ја поздрави „храброста и решителноста“ на унгарскиот премиер и вети дека доколку биде избрана за претседател на државата следната година „ќе му пружи поддршка од Франција и нејзиниот народ да ја пренасочи Европската унија чија идеолошка бруталност ја нарушува самата идеја за суверенитет“.

Ле Пен одби да го критикува неодамнешното унгарско анти-ЛГБТ, среде правниот конфликт со Брисел. „Бидејќи суверенитетот на секоја нација ми е најважен, не ми паѓа на памет да му давам лекции на унгарскиот народ“, рече таа.

Таа потоа го повтори својот став за миграцијата, која ја нарече „чума од која нашите народи мора да се заштитат“. Европа сака „миграциска поплава“, а „катастрофалните ефекти (од таквите политики) се чувствуваат на сите нивоа“, рече таа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе