Лавров: Западот треба да ја признае одговорноста за смртта на цивилите во Донбас и Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Украина лаже кога вели дека руската армија ги напаѓа сопствените градови, пренесува руската агенција Тасс.

Фото: ЕПА

„Со еден збор, тие лажат. Фактите се добро познати, нашето Министерство за одбрана ги презентира фактите секој ден“, рече Лавров на прес-конференција по разговорот со виетнамскиот министер за надворешни работи Буи Тан Соном.

Лавров рече дека Западот треба да ја признае својата одговорност за смртта на цивилите во Донбас и Украина.

„Западните земји треба да ја признаат својата одговорност, без разлика што велат Зеленски и неговиот тим. Западот треба да ја признае својата одговорност за смртта на цивилите, особено во Донбас и другите делови на Украина каде што режимот во Киев користи оружје против цивили. Тоа е државен тероризам“, рече Лавров, пренесува ТАСС.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе