Лавров: Вучиќ и Путин се слушаат по телефон, ги споредуваат позициите и ги усогласуваат чекорите

За средбата со министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кажа дека дијалогот на Србија и Русија постепено се развива на сите нивоа, без оглед на сложената меѓународна ситуација.

EPA-EFE

Тој додаде дека претседателите Александар Вучиќ и Владимир Путин се слушаат преку телефон, „ги споредуваат своите позиции и ги усогласуваат понатамошните чекори“.

Коментирајќи го своето недоаѓање во Белград во јуни, рускиот министер кажа дека „оние кои го оневозможиле по налог на своите газди мора да сфатат дека нивните подлости не можат да ги поколебаат руско-српските односи“, за кои кажа дека се засновани на цврстото пријателство на двата народи.

Во соопштението на министерството за надворешни работи на Русија се наведува дека Лавров и Вулин разговарале за прашањата на билатералната и регионалната соработка и дека констатирале постоење на обострана посветеност на јакнењето на стратегиското партнерство и тесна координација на напорите да се зајакнат стабилноста и безбедноста на Балканот.

„Земајќи го предвид неодамнешното влошување на ситуацијата на Косово и тензиите кои таму и понатаму се присутни, укажано е на неопходноста во покраината да се регулира ситуацијата врз основа на строго почитување на нормите на меѓународното право, во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и со целосно уважување на суверенитетот и територијалниот интегритет, законските права и интересите на Србија“, се наведува во соопштението.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе