Лавров: Со испраќањето ракетни системи ризикувате во конфликтот во Украина да се вклучи трета страна

Рускиот министер за надворешни работи ја обвини Украина дека со своите барања за посилно оружје провоцира понатамошно вмешување на Западот во воената акција на Русија.

EPA-EFE

Сергеј Лавров, откако Соединетите Американски Држави објавија дека на Украина планира да ѝ испрати напреден ракетен систем, сугерираше дека со тоа се отвора ризик во конфликтот да се вклучи трета страна.

„Нештата кои режимот во Киев ги бара од своите западни покровители прво ги надминуваат сите граници на пристојноста и дипломатските односи и, второ, се директна провокација со цел вовлекување на Западот во борбата“, кажа Лавров во Саудиска Арабија.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен кажа дека Украина им ветила на САД дека напредните ракетни системи нема да ги користи против цели на руска територија.

„Постои голема доверба меѓу Украина и САД, како и меѓу нашите сојузници и партнери“, кажа Блинкен на прес-конференцијата.

Новото оружје вклучува артилериски ракетен систем М142 ХИМАРС. Системите можат да лансираат повеќе прецизно наведувани проектили на цели оддалечени дури 70 километри, што е значително подобро од опремата која сега ја има Украина.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги обвини САД дека со испраќањето оружје намерно долеваат оружје на огнот и кажа дека не верува дека Киев нема да пука на Русија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе