Лавров: САД поттикнуваат воена хистерија на руските граници

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини Соединетите Држави дека ја опколуваат Русија со воени бази од сите страни и дека разгоруваат воена хистерија.

Фото: ЕПА

„Тоа дека САД нѐ опкружија со свои воени бази од сите страни веќе е факт што веројатно секој ученик го знае“, рече Лавров, обраќајќи им се на учесниците во научно-образовната програма „Дијалог за иднината“.

Тој посочи дека, иако е општо познато, воената хистерија постојано се разгорува во близина на границите на Русија.

Западните држави неодамна изразија загриженост за „повлекувањето“ на руските сили кон границата со Украина, пишува ТАСС.

Како што истакна претседателскиот прес-секретар Дмитриј Песков, Москва ги преместува војниците на своја сопствена територија и по сопствена волја - тоа не е закана за никого и никому не треба да му пречи, порача Министерството за одбрана на Русија. „Во исто време, секоја земја на чии граници имаат нестабилен регион би ги презела неопходните мерки за сопствената безбедност. Самите САД и нивните сојузници во НАТО неодамна значително ја зголемија воената активност во Црно Море.“

Министерството за одбрана вели дека Соединетите Држави се обидуваат да создадат групација на војници во близина на руските граници, а една од целите на Вашингтон е воениот развој на Украина. САД ја проучуваат ситуацијата во случај на воено решение на конфликтот во Донбас, смета Министерството.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе