Лавров: Руските лидери, вклучително и Путин, сè уште се спремни за разговори за Украина

Русија секогаш ќе биде спремна да слуша предлози за смирување на тензиите, рече Сергеј Лавров.

Фото: ЕПА

Руското раководство, вклучително и претседателот Владимир Путин, сѐ уште се спремни за разговори за Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за филмот „Свет на работ. Лекции од кубанската ракетна криза“, кој во Русија беше емитувана денеска.

„Подготвеноста на Русија, вклучително и на нејзиниот претседател, да преговара (за Украина), останува непроменета. Ние секогаш ќе бидеме подготвени да слушаме какви предлози имаат нашите западни партнери за деескалација на тензиите, па ако ни се пристапи со некои реални предлози врз основа на принципите на еднаквост и почитување на меѓусебните интереси, насочени кон наоѓање компромиси и балансирање на интересите на сите земји, секако дека ќе реагираме, како што секогаш сме реагирале во минатото“, рече Лавров.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе