Порака на шефот на руската дипломатија

Лавров: Русија сака дипломатија, а не војна

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров порача дека Русија сака дипломатија, а не војна, по американскиот повик да се „врати на преговарачка маса“ и да не ја напаѓа Украина.

EPA-EFE

„Го избравме патот на дипломатијата пред низа децении“, кажа Лавров, во интервјуто емитувано на неколку медиуми.

Тој истакна дека Русија мора да соработува со сите и дека тоа е нејзиниот принцип.

„Ако зависи од Русија, војна нема да има. Не сакаме војни. Но нема ни да дозволиме нашите интереси грубо да се газат и игнорираат“, кажа Лавров.

Трупањето десетици илјади руски војници на границата со Украина во последните недели кај Западот предизвика паника од инвазија. Русија негира дека планира каков било напад.

Американскиот претседател Џо Бајден предупреди денес дека постои можност Русија да изврши инвазија на Украина следниот месец.

САД побараа за следниот понеделник одржување на седница на Советот за безбедност за кризата околу Украина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе