Лавров: Односите меѓу Русија и Западот повеќе нема да бидат исти

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера изјави дека односите меѓу Русија и Западот нема да бидат како досега и дека во скора иднина нема да може да се обнови соработката за безбедносните прашања во Европа.

Фото: ЕПА

Тој на прес-конференцијата рече дека дискусијата за овој проблем е можна само на „фундаментално нови принципи“.

„Јасно е само дека ако во одреден момент нашите западни соседи, а од соседството нема бегање, нашите западни соседи и поранешни партнери одеднаш се заинтересираат некако да ја обноват заедничката работа на европската безбедност, тогаш нема да можат да го сторат тоа. Затоа што реставрацијата значи она што било порано. Но нема да биде по старо“, рече Лавров.

Лавров додаде дека активностите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и западните земји отвораат прашања за иднината на Русија во ОБСЕ.

„Кога Западот ќе сфати и ако сфати дека е подобро да се коегзистира на некаква заемно договорена основа, ќе го сослушаме она што ќе го предлага Западот и јасно е дека тоа ќе треба да бидат суштински нови почетоци на соработка“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе