Шефот на руската дипломатија

Лавров ја посети Венецуела во знак на поддршка на Мадуро, и ги отфрли „американските провокации“

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ја посети денес Венецуела за да му пружи поддршка на претседателот Николас Мадуро.

Посетата на Лавров се случува во момент кога е сѐ поголем притисокот на Вашингтон да го отсече социјалистичкиот лидер од помошта на руската нафтена компанија Роснефт.

Доаѓањето на Лавров во Каракас следи по посетата на лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо на Вашингтон, каде администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп порача дека ќе се удвојат напорите за заминување на Мадуро од челото на државата.

САД неделава соопштија дека американската влада наскоро ќе одлучи дали да ѝ воведе санкции на моќната руска државна компанија Роснефт, од чија помош зависи Мадуро.

Вашингтон, како и 60-тина други држави во неговата орбита, го поддржуваат Гуаидо тврдејќи дека Мадуро не победил фер на изборите во 2018 година.

Трамп неделава ја потврди поддршката на Гуаидо, откако во говорот за состојбата на нацијата во Конгресот на САД го нарече „вистинскиот и легитимниот“ лидер на Венецуела, а Мадуро го нарече тиранин.

Лавров вчера од Мексико ја отфрли американската надворешна политика кон Венецуела, критикувајќи ги „американските провокации“ и обидите да се создаде, како што кажа, контекст за воена интервенција.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе