Лавров ѝ се закани на Молдавија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва секоја акција во која ќе почувствува закана за своите војници во Придњестровје ќе ја смета како напад врз Руската Федерација.

Фото: ЕПА

„Таму (во Придњестровје) се нашите мировни сили. Таму е нашата армија, која го чува најголемото складиште за муниција во Европа. Секој треба да разбере дека секоја акција што ќе предизвика закана за безбедноста на нашите војници ќе се смета во согласност со меѓународното право како напад врз Руската Федерација, како што беше случајот во Јужна Осетија кога Саакашвили ги нападна нашите мировни сили“, рече Лавров.

Тој, исто така, тврди дека во Молдавија „се наметнува русофобијата“.

„За жал, гледаме како раководството на Молдавија флертува со Западот. Провокативната природа на всадувањето русофобија е очигледна таму, исто како и во Украина“, рече шефот на руското МНР.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе