Лавров го повика шефот на српската дипломатија во Москва

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денес дека на шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ му е упатен повик да ја посети Москва во блиска иднина.

EPA-EFE

Лавров истакна дека се „случи нешто незамисливо, одземање на правото на една суверена држава на остварување на надворешната политика, блокирање на меѓународната дејност на Србија кон Русија“. Тој истакна дека станува збор за уште една очигледна демонстрација колку далеку ЕУ и НАТО се спремни да одат во користењето најгруби средства наметнувајќи ги своите правила во меѓународното право.

Тој истакна дека Србија е изложена на „викање и врескање“ да направи конечен избор, а во врска со тоа ги спомна постовите на поранешниот премиер на Шведска Карл Билт кој кажа дека најлошото што Србија може да го направи е да го прими шефот на руската дипломатија.

Додаде дека за време на посетата во Белград требало да се сретне со претседателот Александар Вучиќ, шефот на дипломатијата Никола Селаковиќ, претседателот на собранието Ивица Дачиќ и претставници на Српската православна црква.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе