Руско-српска соработка

Лавров денес се сретнува со Вулин во Москва

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин денес треба во работна посета во Москва да се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

EPA-EFE

Според руското министерство за надворешни работи, Лавров и Вулин треба да разговараат за соработката на Русија и Србија и ќе зборуваат за итните и меѓународните прашања, јавува ТАСС.

Рускиот амбасадор во Белград Александар Боцан Харченко истакна дека прашањето на Косово доминирало во подготовките за средбата.

Тензиите ескалираа на Косово и Метохија на крајот на јули откако косовската полиција затвори пункт на административната линија со Србија во рамки на подготовките за спроведување на забраната на српските документи и регистарски таблички.

Како одговор, Србите од северниот дел на Косово протестираа и ги блокираа главните патишта. Како резултат на меѓународниот притисок, Приштина одлучи да ја одложи забраната до 1 септември.

Европската Унија посредуваше на средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти на 18 август, но разговорите не дадоа резултат.

Москва ги повика Приштина, Вашингтон и Брисел да стават крај на неодговорните провокации и да ги обезбедат правата на српското население. Ситуацијата во Украина ќе биде уште една тема на дневниот ред на средбата на Лавров и Вулин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе