Лавров: Америка и НАТО се учесници во војната во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека САД и НАТО се соучесници во војната во Украина поради помошта што му ја даваат на Киев, обвинувајќи ги и дека обучуваат украински војници на своја територија.

Фото: ЕПА

Лавров на прес-конференцијата рече дека Вашингтон и Атлантската алијанса се вклучени во војната бидејќи ја снабдуваат Украина со оружје и ѝ даваат воена обука на своја територија. „Не велете дека САД и НАТО не учествуваат во оваа војна - вие директно учествувате. Вклучувајќи не само снабдување со оружје, туку и обука на војници - вие обучувате (украински) војници на вашата територија“, рече тој.

Тој додаде дека САД се „егзистенцијална“ закана за Русија од Украина.

Рече дека Западот имал реална шанса да го избегне конфликтот во Украина, но избрал да ги отфрли руските предлози за запирање на проширувањето на НАТО и да договори посебен безбедносен статус за Киев. Западот вели дека руските предлози дадени во пресрет на војната во Украина биле нереални и неискрени.

Лавров рече дека Москва е подготвена да сослуша доколку некој сака да преговара за Украина. Тој, исто така, нагласи дека се апсурдни тврдењата на Украина дека Русија сака преговори за да добие време да се прегрупира и да ги обнови своите вооружени сили.

„Изјавите на папата за Украина се нехристијански“

Шефот на руската дипломатија истакна и дека пред војната во Украина Русија многу, многу години ги предупредувала сите. Неодамнешните изјави на папата Франциско за Украина ги нарече „нехристијански“ и тешки за разбирање. Во интервју за Језуит магазин Америка, Франциско зборуваше за руската суровост во Украина и нагласи дека „Русија е таа што изврши инвазија. Тоа е многу јасно“.

Тој исто така рече дека руските војници кои се припадници на етичките малцинства што се борат во Украина, како што се Чеченците, се меѓу најсуровите. „Папата Франциско имаше изјави што беа целосно неразбирливи, апсолутно нехристијански“, рече шефот на руската дипломатија.

„НАТО ги шири тензиите во Јужно Кинеско Море“

Тој, исто така, го обвини НАТО дека ги подгрева тензиите во близина на Кина на начин што претставува ризик за Русија. „Јужно Кинеско Море сега станува еден од оние региони каде што НАТО не е несклон, како што некогаш беше во Украина, кон ескалација на тензиите“, рече Лавров.

„Знаеме колку сериозно Кина ги сфаќа ваквите провокации, а да не зборуваме за Тајван и Тајванскиот теснец, и веруваме дека играњето на НАТО со оган во овие региони носи закани и ризици за Руската Федерација“, рече тој.

Лавров рече дека затоа Русија развива воена соработка со Кина и спроведува заеднички вежби. „Фактот дека членките на НАТО под водство на Соединетите Држави се обидуваат да создадат експлозивна ситуација таму добро го знаат сите“, рече тој.

Лавров го обвини НАТО дека се обидува да ја вовлече Индија во, како што рече, антирускиот и антикинески сојуз.

Рускиот министер за надворешни работи изјави и дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) има акумулирано големи проблеми, обвинувајќи го Западот дека ја отфрлил можноста да стане вистински мост со Русија по Студената војна.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе