Латвија ја прогласи Русија за држава која ги поддржува терористите

Латвискиот парламент Саеима ја прогласи Русија за држава која ги поддржува терористите. „Русија со години поддржува и финансира терористички режими и организации, директно и индиректно, како најголем снабдувач на оружје на режимот на Асад во Сирија и како спроведувач на акции како што е труењето на семејството Скрипал", стои во официјалното соопштение на Саеима.

Фото: ЕПА

„Во Украина, Русија избра слични, сурови, неморални и незаконски тактики користејќи непрецизно и меѓународно забрането оружје и муниција, насочени кон непропорционална бруталност кон цивилите и јавните места“, додаваат Латвијците, додека јавната телевизија на земјата објави:

„Саеима во соопштението нагласува дека Русија го користи страдањето и заплашувањето како начин да го деморализира украинскиот народ и нивната војска. Саеима смета дека Русија спроведува насилство врз цивилите за политички цели, како тероризам и дека Русија ја смета за земја која го поддржува тероризмот. Саеима ги повикува другите земји со слично размислување да го изразат таквото мислење“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе