„Не смееме да дозволиме да дојде до криза“

Лајчак: Во односите на Србија и Косово настана нова ситуација која ги смени плановите и темите

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак изјави денес дека во односите на Србија и Косово настанала „нова ситуација“ која ги сменила „плановите и темите“ на неговата посета на Србија и Косово.

EPA-EFE

Лајчак вчера во Белград се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ кој по состанокот остро реагираше на одлуката на косовската влада за можноста за пререгистрација на автомобилите со регистарски ознаки издадени од Србија на косовски (РКС) таблички.

Специјалниот претставник на ЕУ на новинарите во Белград, пред средбата со претставници на српската опозиција, им кажа дека со Вучиќ имал „сериозен разговор“ за ситуацијата на Косово, и додаде дека треба да се бараат решенија преку дијалог а не преку конфронтација.

„Јас дојдов во регионот за да ја подготвам следната лидерска средба и да зборуваме за напредокот и нормализацијата на односите, а сега треба да ја решаваме оваа ситуација. Не смееме да дозволиме да дојде до криза“, кажа Лајчак.

Тој на 29 јуни стигна во Белград откако претходно ја посети Приштина, каде се сретна со косовските лидери, и иако беше планирано по состанокот со Вучиќ двајцата да ѝ се обратат на јавноста, на конференцијата се појави само српскиот претседател.

„Го известив (Лајчак) за што ќе зборувам и дека ќе ја соопштам вистината за сè што се случува и какви се намерите на западните сили. Неговиот збор е важен и не сакав да го доведам во непријатна ситуација“, кажа Вучиќ на прес-конференцијата.

Вучиќ ги обвини косовските власти и западните земји дека „сакаат да ги убедат Србите да се регистрираат со РКС таблички“, и додаде дека со овие одлуки „се подготвува протерување на Србите од Косово“.

Кажа и дека одговорот на Србија на тие одлуки ќе биде трезвен но убиствен.

Во соопштението на косовската влада од 29 јуни се соопштува дека пререгистрација на возилата со ознаки кои ги издаваат државните органи на Србија ќе почне од 1 август и дека ќе трае до крајот на септември.

На истата седница на косовската влада е усвоено и упатство за преминување на граничните премини со документи кои ги издава Србија. Сите лица кои имаат лично документи издадени од српските органи, ќе добијат потврда која ги заменува документите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе