Тој наведе дека на состанокот со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, тој и претседателката Вјоса Османи истакнале дека е важно Грција да го признае Косово, „како следниот природен чекор кон продлабочувањето на односите на двете држави“.
Тој истакна и дека на посебни состаноци со високиот претставник на Европската Унија Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак разговарале за процесот на дијалогот на Косово и Србија.