Приштина инсајт

Курти повика Тачи да биде разрешен поради „таен договор“ за северно Косово

Косовскиот премиер Албин Курти објави „таен договор“, направен во април 2013 година меѓу НАТО и тогашниот премиер Хашим Тачи. Курти смета дека договорот го прекршува уставот на земјата и е основа за отстранување на Тачи од функцијата косовски претседател.

Премиерот Албин Курти објави писмо испратено од косовскиот претседател Хашим Тачи до поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, во април 2013 година, за време на премиерскиот мандат на Тачи.

Писмото, објавено денеска, содржи гаранции дека косовските безбедносни сили, КБС, ќе преземаат мисии на северно Косово само „со претходна согласност“ од меѓународните мировни сили предводени од НАТО, КФОР. Исто така, се наведува дека, за да се постигне оваа согласност, КФОР може да стапува во контакт со претставници на локалната заедница на северно Косово, објави Приштина инсајт.

Извори на НАТО, меѓу кои и сегашниот генерален секретар Јенс Столтенберг, веќе имаат зборувано за таков договор со медиумите, но ова е прв пат договорот да биде објавен од косовски функционер.

Во официјален став објавен од кабинетот на премиерот заедно со објавата на писмото од Тачи до Расмусен, Курти тврди дека „постојат доволно докази за на прв поглед да се заклучи дека претседателот Тачи, тогаш премиер, извршил сериозни прекршувања на уставот на Косово и дека ваквите прекршувања оправдуваат покренување уставна постапка за негово отстранување од позицијата претседател на Косово“.

Курти испратил и јавно писмо до спикерката на косовското собрание, Вјоса Османи, за да ја извести за откритието. Премиерот во писмото до Османи истакнува дека во фокусот на пратениците треба да биде таинствената природа на таканаречениот договор, а не неговата содржина.

„За да избегнам евентуално недоразбирање, сакам да бидам јасен: јас, како премиер, не искажувам никаков став за или против тајниот договор или неговата содржина“, вели Курти во писмото. „Меѓутоа, кога претседателот на земјата, тогашниот косовски премиер, преку таен договор ѝ ги пренесува суверените надлежности од Република Косово на меѓународна организација, без да го извести Собранието на Косово и со прекршување на своите уставни обврски, ова е државна работа што јас не можам да ја толерирам, ниту како премиер, ниту како граѓанин на Република Косово“.

Во писмото до Османи се наведува и дека копија од писмото помеѓу Тачи и Расмусен и официјалното мислење на Кабинетот на премиерот се испратени и до кабинетот на претседателот и до главниот обвинител на Косово, Александар Љумези.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе