Курти: Очекувам договор со Србија во текот на мојот мандат

Премиерот на Косово Аљбин Курти изјави дека очекува Приштина да склучи сеопфатен договор со Србија за време на неговиот мандат.

EPA-EFE

Курти за Радио слободна Европа кажа дека не може да предвиди кога тоа ќе се случи, но очекува да биде пред речиси истовременото истекување на неговиот и мандатите на американскиот претседател Џо Бајден и шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел.

Додаде дека нормализацијата на односите на Косово и Србија многу повеќе зависи од Србија да го смени својот пристап и себеси.

„Недостига напредок (во дијалогот) и тоа не почна со нас, многу порано недостигаше напредок, но ние укажавме дека голем дел од неговиот недостиг е поради погрешните пристапи. Потпишани се штетни договори за Косово кои ни уставниот суд, каков и да беше, не можеше да ги голтне. Потребен ни е нов пристап, во кој граѓаните се добитници, со реципрочно признавање во центарот“, кажа Курти.

Наведе дека прашањето на исчезнатите е тема околу која Косово е спремно веднаш да се ангажира.

На прашањето како планира да ја реши ситуацијата со договорот за Заедница на српски општини, кој Приштина одбива да го реализира, а на што инсистираат Србија и ЕУ, Курти кажа дека дијалогот не се води за Косово само себе да се доведе во прашање, туку за нормализација на односите со Србија.

„А за нормализација на односите, сметам дека Србија треба многу повеќе да се смени. Мора да се демократизира, мора да воспостави владеење на правото, мора да се соочи со минатото и мора да има некој вид симетрија на реципроцитетот на малцинските права“, кажа тој.

Наведе дека дијалогот во Брисел „не е дијалог за статусот на Косово, ниту за внатрешните прашања на Косово, туку за статусот на односите на двете земји“.

„Косово е независна и суверена држава, со територијален интегритет, со многу проблеми. Ние сами по себе не сме проблем, имаме многу проблеми, а еден од нив, можеби и главниот, е Србија“, додаде Курти.

Повтори дека Србија во моментов троши на војска повеќе од останатите пет економии на Западниот Балкан заедно и дека таа тоа не го прави поради Унгарија и Романија.

„Оваа милитаризација на Србија за нас е многу загрижувачка“, кажа косовскиот премиер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе